Полицијата трага по неговиот „Ролекс“ вреден 30.000 фунти, осомничени се две девојки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пејачот Лиам Пејн, поранешен член на познатиот бенд „Уан дирекшн,“ трагично загина во Буенос Аирес на 16 октомври откако падна од балконот на третиот кат од хотелот во кој престојуваше. Полицијата сè уште ги истражува деталите околу мистериозната смрт на пејачот.

Таткото на пејачот, Џеф, ги пренесе посмртните останки на својот наследник во Лондон на 7 ноември, откако беа извршени токсиколошките тестови, и додека семејството го организира неговиот погреб – аргентинската полиција сè уште трага по неговиот исчезнат рачен часовник „Ролекс“ од 30.000 фунти, за кој постои сомневање дека е украден.

Според снимките од безбедносните камери, пејачот го носел часовникот непосредно пред смртта.

Надлежните, меѓутоа, не успеале да го пронајдат скапиот часовник ниту додека ги претресувале домовите на тројцата осомничени во случајот со починатиот пејач минатата недела. Потоа, часовникот „не се појавил“ ниту во текот на претресот на домовите на две женски лица во чие друштво Лиам ги поминал последните часови од животот, забележува аргентинскиот медиум „Ла Насион“.

Хотелот „КасаСур“во кој престојувал Пејн поради тоа повторно ќе биде прегледан, поточно апартманот на пејачот, во случај часовникот „да е пропуштен“, а не украден.

Share This Article