Вчера во 16.30 часот на наплатната станица Сопот, на автопатот „Пријателство“ полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(38) од Велес, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„При извршен преглед на патничко возило ‘фиат пунто’ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена околу еден килограм марихуана. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението.