Возач со камион со скопски таблици исфрлал отпад во заштитена зона близу до изворот Рашче од кој 500.000 луѓе во Скопје се напојуваат со вода. Веста ја потврди МВР кои влеат отпадот бил од резервоари на поранешната фабрика „Југохром“, а на место за кое Министерството за животна средина забранило фрлање и го прогласило за заштитена зона.
„На 22.12.2022 во 12.50 часот полициски службеници од ПО Јегуновце, по претходно добиена пријава, излегле на лице место на местото викано ,,Калиште“, во атар на тетовско Јегуновце, место каде што порано од страна на поранешниот „Југохром“ бил фрлан отпаден материјал од оваа фабрика, а кое со Решение од Министерство за животна средина било затворено и прогласено за заштитна животна средина, при што е констатирано дека лицето С.К. (57) од Скопје, со специјално товарно возило за чистење на отпадни води и фекалии со скопски регистерски таблици, сопственост на правно лице од Скопје вршело празнење на резервоари од поранешната фабрика ,,Југохром“. Известени се Министерството за животна средина и локалната самоуправа од општина Јегуновце и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.