More

    Полицијата ги фати насилниците од Куманово, ќе има пријави

    spot_img

    Кумановската полиција го расчистила случајот на насилство во Куманово и ги привела насилниците. Било констатирано дека станува збор за недоразбирање без никакви меѓуетнички елементи, јави МИА

    Претходно, медиумите објавија дека се случил напад врз младо момче од Куманово, а на социјалните мрежи се појави и снимка од инцидентот. На видеото може да се забележи како среде ноќ излегуваат голем број маскирани лица од автомобил и почнува бркотницата.

    Кумановската полиција вчера ги лишила од слобода Р.И.(18), Ф.А.(19), А.Д.(20), К.Г.(18), А.Т.(18), А.В.(18), А.С.(20), А.Б.(23) и Л.С.(19), сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово.

    Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека на 14 ноември на улицата Карл Маркс во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило. По целосно документирање на случајот против сите лица ќе следуваат соодветни пријави.

    Во врска со инцидентот претходно се огласи политичката партија Алијанса за Албанците: „Вознемирувачки е фактот, уште повознемирувачки се сцените кога маскирани хулигани доцна во ноќта напаѓаат младо момче во најстариот кварт на градот Куманово. Овие сцени се слични на оние пред неколку години од поранешниот режим, каде што настрадаа многу граѓани, главно млади луѓе“.

    Партијата повика на смиреност и максимална претпазливост и истовремено ги повикува граѓаните на Куманово „да не наседнуваат на меѓуетнички провокации“.

    Со реакција на Фејсбук се јави и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски: „Во интерес на јавноста барам одговор од надлежните во МВР во врска со синоќешните настани во Куманово. Кој тоа се обидува да го наруши соживотот во Куманово и дали оваа е само изолиран инцидент? Дали концертите кои пред пет дена го наполнија плоштадот со млади Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Црногорци и други можеби вознемирија поедини политички субјекти и самопрогласени авторитети па навлегуваат во веќе видени сценарија? Чекам одговор од Спасовски, Ковачевски и Ахмети“.

    СВР Куманово апелираше до медиумите за професионално и точно информирање без шпекулации околу причините за инцидентот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img