More

    Полиција крвнички тепаше аргентински навивачи, Меси го повлече тимот во соблекувалните

    spot_img

    Бразилската полиција интервенираше против аргентинските навивачи пред јужноамериканскиот квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство во 2026 година. За време на нередите кои избија на трибините на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, полициските службеници мораа насилно да ги смират гостинските навивачи, при тоа беа користени и палки.

    Во ситуацијата интервенираа играчи од репрезентациите на Аргентина и Бразил. Во еден момент гостинскиот голман Емилијано Мартинез се обиде да му ја одземе палката на еден полицаец.

    Капитенот на светскиот шампион од 2022 година, Лионел Меси, го предводеше тимот до соблекувалната откако избија тепачките на трибините. Тој влезе во конфликт со бразилскиот напаѓач Родриго кој ги нарече Аргентинците „кукавици“.

    Меси остро ја критикуваше работата на полицијата.

    – Видовме како полицијата тепа луѓе, а многу играчи имаа членови од семејството на трибините. Не можевме да се концентрираме на играта. Слична ситуација се случи овде и во Копа Либертадорес. Бразилската полиција повторно презема мерки против луѓето. Решивме да одиме во соблекувалната бидејќи беше невозможно да се игра во такви услови. Мислевме дека враќањето во соблекувалната ќе помогне да се смири ситуацијата – изјави Меси за „ABC“.

    Средбата на „Маракана“ започна со задоцнување од половина час поради немири на трибините.

    Средбата на „Маракана“ започна 27 минути подоцна од предвиденото и заврши со победа на Аргентина со 1:0.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img