More

    Полицајката од Градачац бара 24-часовна заштита

    spot_img

    Полицајката од Градачац со иницијали Џ.С. деновиве се соочува со сериозни обвинувања дека била во врска со Нермин Сулејмановиќ, човекот кој на 11 август уби три лица во тој град и дека токму таа му открила каде се наоѓа неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која Сулејмановиќ брутално ја убил пред нивната ќерка, пренесувајќи сѐ во живо на Инстаграм.

    Полицајката моментално не е во Градачац, туку е во странство на одмор, а денеска треба да се врати во БиХ, пишува Јутарњи лист.

    Кога ќе се врати, ја чека дисциплинска постапка, и се заканува суспензија во полициската станица во Градачац каде е вработена. Не само ако го открила местото каде што била сместена Низама Хеќимовиќ, туку и ако се утврди дека одржувала врска со лице со криминално досие. Нермин Сулејмановиќ имал дебело досие, повеќе пати бил осудуван за насилничко однесување и загрозување на безбедноста, пријавуван бил за семејно насилство и обид за убиство. Неколку години поминал во затвор во Зеница.

    Во изминатите денови Џ. С. не се огласила, а кога новинарите се обиделе да стапат во контакт со неа, ги упатила кај нејзиниот адвокат Бакир Хеќимовиќ.

    Адвокатот тврди дека неговата клиентка не само што не го открила скривалиштето на Низама, туку дека таа немала никаква врска, особено не љубовна, со убиецот Нермин Сулејмановиќ.

    – Она што можам да ви го кажам е дека мојата клиентка немала никаков контакт со лицето кое ги извршило овие тешки кривични дела, ниту пак имала информации каде се наоѓа убиениот во овој настан. Истражните органи на Тузланскиот кантон во соработка со обвинителството водат истрага против Џ. С., но знаеме дека нема индиции дека имала некаква поврзаност со убиецот. Таа е полицаец во Градачац, местото е мало и сите се познаваат со секого, па се знае дека е примерен службеник против кој никогаш не е покрената дисциплинска постапка. Тврдиме дека таа никому не дала никакви информации за жртвата, ниту пак била распоредена на работно место каде што би имала пристап до такви информации – изјави адвокатот Хеќимовиќ за Јутарњи лист.

    Според информациите што ги објавија босанските медиуми, осомничената полицајка тренирала во теретаната во која Сулејмановиќ работел како тренер и мали се шансите тие да не се познавале.

    Поради објавите на Фејсбук профилот на Џ. С. за злоупотреба на жени, некои од жителите на Градачац сметаат дека и таа била една од жртвите на Сулејмановиќ.

    „За жена е доволно само еден психопат да и помине низ живот и да и се згади од животот, мажите и се друго…“ – објавила полицајката Џ.С. на својот Фејсбук профил во јануари годинава.

    И претходно таа често имала објави против насилство врз жените. Во февруари 2022 година, полицајката на својот профил ставила статус „Пазете се, драги мои психопати“. А, откако ја слушнала веста за смртта на Низама, ја објавила нејзината црно-бела фотографија и напишала „…име и презиме, од крв и месо, со срце и душа“.

    Поради ваквите објави, некои сметаат дека и Џ.С. на свој грб го почувствувала гневот на Сулејмановиќ. Иако таа преку својот адвокат тврди дека воопшто немала врска со суровиот убиец, судејќи според коментарите под нејзините објави, никој не верува во тоа. Покрај навредите и пцовките, во дел од коментарите се повикува и на нејзин линч заради врската со убиецот. Поради овие закани, адвокатот најави дека полицајката по враќањето во Градачац ќе бара 24-часовна заштита.

    – На мојата клиентка и се закануваат со живот, ќе се обратам до Обвинителството на кантонот Тузла и ќе побарам да добие 24-часовна заштита од припадници на Државната агенција за истрага и заштита, додека не се утврди дали таа е одговорна за тоа што и се става на товар. Нејзиниот живот во овој момент е загрозен – изјави адвокатот.

    Нермин Сулејмановиќ на 11 август прво ја рани роднината на Низама Хеќимовиќ кај кој се криела со своето дете откако го пријавила Сулејмановиќ за насилство. Потоа ја киднапирал неа и детето и ги однел во викендица во близина на градот, каде брутално ја ликвидирал пренесувајќи се на социјалните мрежи. Потоа се вратил во Градачац каде го убил Денис Ондер, кого го познавал од порано, а потоа го убил  и татко му Џингис и ја ранил мајка му. Во крвававата пресметка ранет е и еден полицаец.

    Во еден момент, облеан во крв убиецот влегол во продавница за лов и риболов, каде од продавачот побарал муниција. За среќа, човекот бил доволно присебен да му даде кутии со „ќорци“ наместо вистинска муниција.

    Сулејмановиќ потоа побегнал на фарма во близина на градот, каде што, кога полицијата го опколила, извршил самоубиство.

    По монструзоното злосторство Фикрет Сулејмановиќ, таткото на тројниот убиец изјави дека се срами од својот син. Тој ја потврди информацијата дека семејството не сака да го преземе телото на Сулејмановиќ, кое веќе пет дена е во Комеморативниот центар во Тузла.

    На прашањето кој ќе го закопа убиецот, неговиот татко вели дека тоа сигурно нема да биде тој.

    -Нема никој од семејството да го закопа, нека го закопаат неговите пријатели криминалци, тие веќе го договориле и го организирале сето тоа. Тоа што го направил, ниеден нормален човек не може да го направи, само криминалец – рекол татко на убиецот, пренесува Блиц.

    фото: photocollage

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img