Храбра полицајка стави крај на теророт во преполниот трговски центар во Сиднеј кога го застрела напаѓачот со еден куршум во градите. Таа дејствувала сама.
Според Мајкл Данкли, сопственик на кафуле во трговскиот центар, полицајката му рекла на напаѓачиот „да го спушти ножот“. Напаѓачот не послушал и тргнал по неа со ножот чие сечило имало 15 сантиметри.
– Таа беше доведена во ситуација да мора да го убие. Таа го направи тоа толку мирно. Таа беше неверојатна – изјави тој за „news.com.au“.
Херојството на полицајката го потврди и претставникот на австралиската полиција Ентони Кук.
– Припадничка на полицијата се соочи со напаѓачот… таа брзо тргна зад него за да го стигне. Тој се сврте кон неа и го подигна ножот. Таа употребила огнено оружје и таа личност сега е мртва – рекол тој, пренесува „Гардијан“.
Кук рече дека, врз основа на прелиминарната истрага, се чини дека напаѓачот дејствувал сам.
Ужасот се случил во саботата попладне во 15 часот и 20 минути по локално време, кога маж во дрес почнал по случаен избор да ги боде купувачите, меѓу кои и една жена и нејзиното деветмесечно бебе, при што биле потврдени шест мртви и многу други повредени.
Девет лица беа избодени со нож за време на хоророт додека семејствата во паника бегаа да си ги спасат животите. Последните информации на Би-Би-Си се дека шестмина од ранетите се мртви.
Во текот на нападот неименуван човек од трговскиот центар му застанал на патот на напаѓачот со што спасил многу животи.