Првиот кинески патнички авион од домашно производство го направи својот прв комерцијален лет, означувајќи пресвртница во повеќедецениските напори на земјата да се натпреварува со западните ривали во воздух.Пекинг се надева дека комерцијалниот авион C919 ќе биде достоен ривал на странските модели како што се Боинг 737 Макс и Ербас А320, иако многу од неговите делови доаѓаат од странство, објави АФП.
Првиот домашен авион во Кина со масовен комерцијален потенцијал, исто така, ќе ја намали зависноста на земјата од странска технологија во време кога врските со Западот се влошуваат.
„Во иднина, повеќето патници ќе можат да изберат да патуваат со големи авиони од домашно производство“, објави кинеската државна телевизија.