Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино потврди дека левиот бек Бен Чилвел ќе го пропушти натпреварот со Фулам, но веројатно и многу наредни, поради повреда на тетивата.
Лошата среќа на Чилвел се случи на средбата со Брајтон во Лига купот. На тој меч „сините“ славеа со голот на напаѓачот Николас Џексон, но на него нема да може да смета ниту Покетино – поранешниот играч на Виљареал веќе заработи пет жолти картони и суспензија.