Согласно програмата за развој на туризмот и програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2022 година, ве покануваме да присуствувате на стручна обука на тема
РОДОВА ИНКЛУЗИВНОСТ И ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ – ПРИНЦИПИ НА АГРОТУРИЗМОТ
Обуката ќе се одржи на 14 (среда) и 15 (четврток) декември, 2022 година, со почеток во 12 часот во просториите на општина Охрид а ќе ја реализираат стручни консултанти во оваа област од ЕУРО-ВИСТА КОНСАЛТИНГ.
Работни сесии на теми :
– Инклузија на жените во руралните средини
– Основи на одржлив рурален развој и рурален туризам
– АГРОТУРИЗАМ – Критериуми и стандарди
– Услуга на клиенти
– Основи на Маркетинг во рурални средини
– Презентација на Мерка 7 од ИПАРД 3 Програмата
– Презентација на “CANVAS “ моделот
– Презентација на модел :„ Дифузни Хотели“
Предавачи :
– Марија Ѓошева Ковачевиќ – Институт за Земјоделие
– Александар Гумберовски – „ Еуро Виста Консалтинг “
– Владо Сриновски – Балканија
Општина Охрид
Сектор за ТЛЕР