Постојат сигурни и докажани начини за неутрализирање на потенцијално опасната воена опрема, ама има и други.
Сѐ чини дека еден војник се обидел да го неутрализира ракетниот систем земја-воздух С-300 со автоматска пушка.
На социјалните мрежи кружи видео на војник, за кој се вели дека е Русин, како од лежечка позиција пука во системот за противвоздушна одбрана од непосредна близина. Резултатот е огромна експлозија на боеви глави со тежина од 100 до 150 килограми.
Не е познато дали војникот и тој што снима преживеале, иако на Телеграм се појави информација дека во експлозијата нема повредени.