More

    Погоре социјалните мрежи: Контроверзна десничарска песна го испрати Ѓоковиќ на терен

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ ја заврши работата и го победи Камерон Нори, 12 години е непоразен во Дејвис купот, а истакнува дека играњето за репрезентацијата е повеќе мотив и дополнителна одговорност.

    На претставувањето на репрезентациите Срби се појавија со песната „Весели се српски јаваше“, која важи за националистичка.

    Ѓоковиќ победи со 6:4, 6:4 и го освои вториот бод и се пласираше во полуфиналето за Србија и покрај не баш добриот почеток на мечот, но социјалните мрежи се „кренати“ од синоќа откако се појави со оваа песна .

    „Ова е најомразениот играч во историјата на спортот! Не поради неговиот тенис… Својот слеп шовинистички тип на омраза, според независната држава Косово, го подигна на повисоко ниво… Ѓоковиќ, тој го знае ова и нема ништо што може да му го смени мислењето!“

    „Срам да ви е @DavisCup! Со националистичка песна која повикува на српска анексија на Црна Гора и Косово!“

    „Сосема е неверојатно што никој во @DavisCup не одлучи двапати да го провери текстот на првата песна на Ѓоковиќ – познат симпатизер на екстремната десница – бидејќи тоа е една од најозлогласените современи српски националистички химни, која експлицитно ја промовира анексијата на Косово и Црна Гора“, се само дел од коментарите.на социјалните мрежи

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img