More

    Поголем дел од населбите во Делчево останaa без вода за пиење

    spot_img

    Поголем дел од населбите во Делчево во средата попладне остана без вода за пиење. Од надлежното комунално претпријатие „Брегалница“ информираа дека недостигот на вода е поради изведување работи во близина на филтер станицата во село Тработивиште.

    Во рамки на работите се врши промена на вентил кај самата филтер станица, а исто така се работи и на премостување на цевководот, поради што поголем дел од градот е без вода за пиење, информираа од делчевското комунално претпријатие.

    Според екипите кои работат на терен, се очекува зафатот да биде завршен во текот на вечерните часови, по што најавија нормализирање на водоснабдувањето.

    Тие апелираа на стрпливост кај граѓаните, особено до жителите од повисоките делови на Делчево, каде нормализирањето на водоснабдувањето, во зависност од работите, би можело да потрае до утринските часови

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img