Поглаварите на петте верски заедници потпишаа документ за запазување на соживотот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Живеењето во мултикултурно општество е голема благодат. Средбата на разнообразни култури носи можност за облагородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество, наведено е во соопштението од поглаварите на петте верски заедници кои денеска се сретнаа во просториите на Македонската Архиепископија каде што беше потпишан документ преку кој се повикуваат на запазување на соживотот.

„Бог ни дал да живееме во една, заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонски граѓани да не потклекнат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државните симболи на нашата Татковина и кон симболите на сите етнички заедници во неа“, наведено е во соопштението.

Извор: Литургија.мк

Share This Article