More

    Поевтинија 3.000 производи во супермаркетите во Грција

    spot_img

    Потрошувачите во Грција ќе забележат намалувања на цените до 18,1 отсто кај повеќе од 3.000 производи во супермаркетите од петокот, од кога започнуваат владините мерки насочени кон справување со инфлацијата и поттикнување на конкурентност во синџирот на снабдување, јавува АНА.

    Според Министерството за развој. проценетите намалувања на цените ќе произлезат од реформата која ги обврзува добавувачите да ги намалат своите понуди до трговците на мало за 30 отсто, со обврска да ги намалат нивните цени за иста сума. Ова доведе до намалување на повеќе од 3.000 производи.

    Засегнатите категории вклучуваат општи производи за чистење на домот (детергенти за перење алишта, детергенти за миење садови, средства за чистење на површини за сите намени, белило) и производи за лична хигиена (шампони и балсами, сапуни, пасти за заби, бебешки и детски пелени). Реформата донесе значително намалување на просечната цена во седум категории на производи. Поточно, за млекото за бебиња, намалувањата се околу 15 проценти; за бебешки и детски пелени, просечното намалување на цената е 18,1 отсто; за шампони, гелови и регенератори, тоа е 17 проценти; за паста за заби е 15,1%; за детергенти за перење е 15,6%, итн.

    Министерот за развој Костас Скрекас во саботата вети дека владата ќе преземе повеќе мерки за справување со високите потрошувачки цени на мало.

    – Преземавме низа мерки, кои почнаа да се применуваат од 1 март. Низа производиво супермаркетите поч наа да се намалуваат, по нашата драстична мерка. Колку ќе биде намалувањето ќе видиме во наредните денови. Од првиот ден вршевме контроли и видовме деескалација на цените. Намалувањата на цените би можеле да достигнат до 15 отсто, па дури и до 20 отсто –  изјави министерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img