Подрачните инспектори во Охрид се децидни: „Ноќен клуб може да работи и на аеродромската писта на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.“

Saso
By Saso 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нов скандал на повидок околу работењето на ноќниот клуб „Хангар“, открива Охридскај, во кој скандал повторно се појавува злосторничко здружение, но во овој случај истото надополнето со инспектори од Управата за јавни приходи, Пазарен инспекторат, Трудов инспекторат и припадници на Полицијата.

Една лиценца за два клуба – чудесна Македонија?

Ноќниот клуб „Хангар“ во Охрид нема дозвола за работа, или попозната како Лиценца за вршење на угостителска дејност. Објектот кој се наоѓа во поранешните магацински простории, ниту во минимален опсег не ги исполнува техничките услови за вршење на дејноста, притоа треба поседување на документот кој го издава Министерството за економија. Објектот воопшто не поседува заверен елаборат за противпожарна заштита кој би требало да биде одобрен од Трудовата инспекција за електрична инсталација во објектот.
Како што дознава редакцијата на Охридскај, на работен состанок во СВР Охрид биле повикани раководителите на Пазарниот инспекторат од Охрид, Трудовиот инспекторат од Охрид, како и раководителот на подрачната единица на Управата за јавни приходи во Охрид, а состанокот имал само една точка на дневен ред: Со која издадена лиценца е дозволено работењето на ноќниот клуб „Хангар“ во Охрид?!
Според сознанието на нашата редакција, со ноќниот клуб „Хангар“ во Охрид стопанисува фирмата „Тропикал“ ДООЕЛ Охрид, која го поседува ноќниот клуб „Аломос“ во Спортската сала „Билјани извори“ во Охрид. Од страна на претставникот на СВР Охрид било посочено до надлежните претставници на повиканите испекторати, дека при извршените контроли во ноќниот клуб „Хангар“ од страна на овластените лица, на полициските службеници им била дадена на увид друга документација која се однесувала на ноќниот клуб „Аломос“, како и дека сопствениците на ноќниот клуб „Хангар“ се повикувале на правна основа дека фирмата поседувала лиценца за ноќен клуб и дека ирелевантен е фактот каде ќе се наоѓа ноќниот клуб.
Претставникот на СВР Охрид побарал од надлежните претставници на испекторатите да се произнесат околу тоа дали лиценцата издадена на фирмата „Тропикал“ за ноќниот клуб „Аломос“ има важност за друг објект, надвор од издадената лиценца за клубот во Спортската сала „Билјанини Извори“?
Запрепастува одговорот на претставниците на инспекторатите кои дале одговор дека фирмата е носител на лиценца и не важно за кој објект истата е издадена и е валидна и за друга локација освен посочената, и дека ноќниот клуб „Хангар“ можел да работи со истата лиценца која е издадена за клубот „Аломос“. Воедно, инспекторите уредно се потпишале на записникот од состанокот!!!

Колку рекет земаат инспекторите од нелегалното работење на еден ноќен клуб?

Еден е пишаниот закон кој е на сила, а други се непишаните инспекторски и апостолски криминални закони. Законот е јасен, една лиценца има важност за еден објект кој ги исполнил условите и лиценцата не може да биде валидна за други објекти. Според подрачните раководители во Охрид, фирмата која стопанисува со ноќниот клуб „Хангар“, доколку на сопствениците утре им падне на памет, со истата лиценца за работа би можеле да си отворат ноќен клуб на аеродромската писта на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, но не за друго туку за да не се малтретира Аца Лукас по патиштата додека имаме убава, голема, широка писта со бела линија, и сл.
Веќе споменатите инспекторати, како и СВР Охрид која издава согласност за работа на ноќен клуб или кабаре во смисла на заштита на јавниот ред и мир, должни се пред македонската јавност да дадат одговор за тоа како дозволиле своеволно толкување на закони, како и посредување во неовластеното збогатување, перење пари и трговија со наркотици?!

Share This Article