More

    Поддршка од АСОМ за талентираниот Јован Кутаноски

    spot_img

    Деветгодишниот Јован Кутаноски од Струга кој е повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е првиот талент поддржан во вториот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

    Станува збор за исклучителен талент кој на свои 3 години успеал да комплетира триатлон и е носител на бројни медали на државни и меѓународни првенства.

    Јован со Васко Илијевски од АСОМ

    Меѓу неговите најнови успеси се освоеното прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, прво место во Хрватската триатлон лига и првото место во триатлон на меѓународно натпреварување во Германија, во својата категорија.

    – Посебно нѐ радува што обезбедивме поддршка за млад талент кој уште во текот на првиот циклус преку своите родители пројави интерес за учество во кампањата. Талентот и енергијата кои Јован ги поседува се навистина импресивни, а неговите резултати говорат дека се работи за дете со огромен потенцијал, пред кое стојат уште многу успеси со кои нашата држава ќе се гордее – истакна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

    Јован покрај освоените медали на натпреварувањата во триатлон, дуатлон и акватлон, лани го освоил и второто место на државното првенство во кајак, како и првото место во Купот на далечинско пливање кое неодамна се одржа во Преспа.

    Неговата мајка вели дека сите овие успеси и жедта на Јован за нови предизвици била причина таа да го пријави за учество во кампањата.

    – Навистина сум благодарна што Јован стана дел од кампањата „Вложуваме во млади таленти“ и што пред сѐ ќе добие можност за промоција на неговиот талент во триатлон, дуатлон и акватлон, бидеќи се работи за спортови кои во јавноста се малку експонирани. Секако значајна е и финансиската поддршка која ќе ни помогне Јован да го претстави својот талент надвор од нашите граници – истакна Ѓурѓица Кутаноска, мајка на Јован.

    Преку кампањата „Вложуваме во млади таленти“ која се имплементира втора година по ред, AСОМ како општествено одговорен субјект обезбедува поттик и поддршка за развој на младите таленти од областа на спортот, уметноста и науката, со што дава значителен придонес за заедницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img