Од недела, први октомври, започнува зимско работното време на зонските паркиралишта со кои управува ЈП „Градски Паркинг“.
Работното време од понеделник до петок во зоните А, Б и Ц ќе биде од 7 до 19 часот, а во сабота паркирање ќе се наплатува од 7 до 14 часот. На паркиралиштата во зона Д, работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.
Од први октомври ќе има промена на работното време и на јавните паркиралишта – Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ, каде услугата паркирање, ќе се овозможи 24 часа секојдневно, наместо како досега од 7 до 21 часот. Тоа значи дека на овие паркиралишта паркирањето во иднина ќе се наплаќа постојано.
Апелираме до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја вршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата – велат од претпријатието.