Почната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ од Словенија откако тој бил уапсен вчера

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Почната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ од Словенија откако тој бил уапсен вчера, соопшти Министерството за правда.

Добиено е известување од Интерпол Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Иванагиќ, управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“, е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, каде се наоѓа во екстрадициски притвор.

Во отсуство на Иванагиќ, судија на претходна постапка пред три месеци му одреди мерка притвор која требаше да се активира по неговото пронаоѓање.

Иванагиќ и основачот на „Интерхолдинг“, Денис Фудуруќ, по кого сè уште се трага, се осомничени во случајот на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири кој од нив, според македонското Обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција, нарачал изработка на физибилити студија за реструктурирање на „Македонска пошта“.

Зеќири во моментов е во домашен притвор. Според Обвинителството, Зеќири ги исплатил парите без „Интерхолдинг“ да мине на тендер, нешто што тој го негира.

„Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист, а на штета на Буџетот на Република Северна Македонија, во вкупна вредност од 57.932.100,00 милиони денари, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, беше наведено во соопштението на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Share This Article