More

    ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА БЕСПЛАТНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека од денеска, преку веб страницата vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население.

    Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Од Министерството велат дека континуирано го зголемуваат бројот на обезбедени вакцини.

    Пријавувањето се врши со пополнување на апликација на страницата vakcinacija.mk.

    „На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате“, соопшти Министерството за здравство.

    Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

    „Потсетуваме дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img