More

    Почна меѓувладината седница во Охрид

    spot_img

    Почна заедничката седница на владите на Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. Седницата се одржува во хотелот „Инекс Олгица“ каде претходно двата премиери одржаа тет-а-тет средба.

    На меѓувладината седница учествуваат десеттина министри од кабинетот на Орбан. Се очекува седницата да трае околу два часа, по што двајцата премиери на прес-конференција ќе ги соопштат донесените одлуки и заклучоци.

    Премиерот Мицкоски за средбата со Орбан објави дека била пријателска и дека со години наназад, политичките и економските врски меѓу двете држави се продлабочуваат.

    „Денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција’, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.

    Попладнево унгарската делегација ќе се прошета низ Охрид. Предвидена е посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img