More

    Почитувајте ги наредбите на сообраќајците

    spot_img

    СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје поради одржување два синдикални првомајски протеста.

    Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на улицата 50 Дивизија, по улицата Јордан Мијалков, булеварот Климент Охридски сѐ  до Владата на булеварот Илинден.

    Со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата Мирче Ацев кон Собранието по улиците Филип Втори Македонски, 11 Октомври и Димитрија Чуповски, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на булеварот Илинден пред Владата.

    – МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници – информира Министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img