More

    Почина ѕвездата на филмот „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“, актерот Џејк Абрахам

    spot_img

    Ѕвездата на филмот „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“, актерот Џејк Абрахам, почина на 56-годишна возраст.

    Тој го загуби животот само неколку месеци откако ја сподели својата приказна за дијагнозата со рак. Исто така, во таа прилика тој призна дека требало порано да оди на лекар…

    На актерот му бил дијагностициран рак на простата, кој подоцна се проширил на остатокот од телото и му создал тумори на ‘рбетот, колковите и мочниот меур.

     

     

    Џејк, кој последен пат се појави на сцената во пантомимата „The Scouse Jack and the Beanstalk“, изјави дека конечно отишол кај својот лекар по долг период на болеста.

    Тој тогаш за Liverpool ECHO рекол:

    „Работев, но не се чувствував добро. Се туркав со тие мантри што ги кажуваш кога не се чувствуваш добро, немаш енергија и имаш болка. Костимот за претставата беше огромен, знаев дека тогаш не ми е добро, но јас  долго време не сум бил добро“.

    „Она што ме натера да отидам на лекар и да направам тест за ПСА (специфичен антиген за простата) беше кога забележав крв во урината. Го направив тестот и завршив во болница. Тој рече „имаш рак, многу ми е жал“. Тој рече дека го имам со години, можеби четири години“, раскажал тогаш Џејк.

    Освен во „Two Sooty Twin Barrels“, Џејк Абрахам се појави и во „Prisoners Wives“, „Holby City“, „The Bill“, „Red Dwarf“ и други.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img