Денес пократко боледување во 70 година од животот престана да бие племенитото срце на охридската легенда, истакнатиот општествено политички работник, Венко Шапкар.
Венко Шапкар е роден во Охрид во 1953 година, својот работен век најнапред го започнува како Новинар, а потоа обавувал повеќе опшествено-политички функции. Венко Шапкар беше и голем љубител на спортот, го оснива најтрофејниот кошаркарски тим „АМАК СП“, основоположник на модерното едрење во Охрид кога во 2001 година го озобнови ердиличарскиот клуб „БОФОР“, како директор и сопственик на АМАК Охрид Венко Шапкар посебен акцент стави на младите во Охрид, се појавуваше како мецена- добротвор на сите културни настани во Охрид и пошироко, еден од поголемите хуманисти кој ќе го памети Охрид и Македонија. Венко Шапкар посебно беше љубител на убавата фотографија, фото апаратот претставуваше негова животна пасија, буквално нема мотиви од Охрид и Македонија кој Венко Шапкар не ги фотографирал и овековечил.
Што и да се напише за Венко Шапкар ќе биде малку и недоволно, едноставно со смртта на Венко Шапкар Охрид и Македонија изгубија бескрајно драгоцена личност, кој беше премудар за времето во кое твореше и живееше.
Почивај во Мир голем човеку, горд сум што имав пријател како тебе.
Сашо Денесовски