Почина театарскиот режисер, Питер Брук

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британецот Питер Брук, еден од највлијателните театарски режисери на 20. век, почина на 97-годишна возраст, дознава агенцијата Франс прес. Како што е наведено, Брук починал во саботата.

Брук е роден во Велика Британија, но голем дел од својата кариера помина во Франција, каде што ја преиспитуваше театарската форма на чело на својот париски театар „Le Bouffes du Nord“.

На крајот на 1960-тите, по десетици успеси, вклучително и поставување на бројни драми на Шекспир и работа со великаните од Лоренс Оливие до Орсон Велс, тој решил да дојде во Франција, каде што го започнал својот експериментален период обележан со теоријата на „празен простор”.

Култниот уметник, кој режираше повеќе од 100 претстави и ја разви теоријата на празниот простор за да ја остави имагинацијата на публиката, се смета за икона на авангардниот театар.

Во Франција постави монументални претстави, со актери од различни култури.

Неговото најпозното дело е „Махабхарата“ за индискиот еп од девет часа (1985), адаптиран за филм во 1989 година.

Во 1990-тите, кога триумфираше во Велика Британија со „Прекрасни денови“ на Семјуел Бекет, критичарите го поздравија како најдобриот режисер кој некогаш Лондон го имал.

По повеќе од 35 години авантура во театарот „Буф ди Нор“, Питер Брук во 2010 година на 85-годишна возраст го напушти раководството на театарот, но продолжи да режира до неодамна.

Режисерот отсекогаш ја одбивал етикетата да се занимава со ангажиран театар, но секогаш повторува дека неговите претстави се наменети за саморефлексија и духовен развој.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article