Почина судијката Јованка Спировска-Панева од Граѓанскиот суд во Скопје.
Во октомври годинава Судскиот совет ја казни судијката Спировска-Панева со дисциплинска мерка јавен укор, затоа што, како што соопшти тогаш Здружението на новинарите на Македонија, таа ги истерала новинарите од судницата за време на спорот за клевета Кочо Анѓушев против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).
По тој повод ЗНМ одржа прес конференција, на која беше кажано дека одлуката на Судскиот Совет била “важен чекор за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија”.
Она што во таа прилика не беше кажано е дека членовите на Судскиот совет знаеле за болеста на судијката Спировска-Панова и и за извесниот летален исход кој бил прашање на време.
На судењето во октомври 2023 година јавноста беше поканета од прес службата на тужителот, додека ЗНМ и тужениот ИРЛ не поканија медиуми. Репортерите и другата јавност го следеа рочиштето околу час и половина и за тоа време судницата била преполна. Кога во последните 10 минути од ричиштето судијката најавила дека ќе се соочат страните и дека присутните треба да направат простор во судницата за странките да пристапат еден кон друг на подиумот, присутните тргнале кон излезот, бидејќи немало место да останат, пред се тие кои немале столчиња и кои го блокирале просторот околу странките и подиумот.
Репортер на Плусинфо беше присутен на тоа судско рочиште и извести што точно се случило.
Редакцијата на Плусинфо на Судскиот совет му ги понуди белешките на новинарот од настанот од значење за дисциплинската постапка против судијката, но никој не ги побара на увид.
Судскиот совет во октомври не ги зел предвид наводите од „одбраната“ на судијката и сепак и изрекол укор во октомври годинава. Тоа се случило еден ден пред судијката Спировска-Панева да замине во пензија.
Со нејзината тешка болест и смрт, овој случај сега веќе е ад акта.
Навистина голема победа на човековите права и на етиката на луѓето од судската фела.