Почина српскиот моден дизајнер и стилист Саша Видиќ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатиот стилист и креатор од Србија, Саша Видиќ, почина денеска на 52-годишна возраст во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград, пишува Нова.рс.

Саша Видиќ во својата долгогодишна кариера соработуваше со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари…

Инаку, тој лично дизајнираше и креираше дресови за српските спортисти за Олимпијадата во Лондон, а изработи и дресови за српската фудбалска репрезентација за Светското првенство што се одржува во Русија. Тој беше основач на модниот бренд „Броз“. Соработувал со бројни локални забавни личности.

Роден е во 1971 година во селото Млака во Хватска, извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај вујко му во Белград, кога како бегалец побегнал од војната во Босна и Херцеговина. Тој изгради кариера во Белград.

Бројни српски медиуми ја пренесоа веста дека Видиќ починал, а како што наведуваат, се уште не е позната причината за смртта.

Share This Article