Почина Синиша Михајловиќ, објавија италијанските медиуми.
La Gazzetta dello sport објави дека Михајловиќ починал на 53-годишна возраст. Тој боледуваше од леукемија, а семејството ја потврди тажната вест.
Михајловиќ играше за Борово, Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, беше тренер на Србија, а како тренер ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг од Лисабон и Болоња.
Михајловиќ кариерата како фудбалер ја започна во својата татковина, во тогашна Југославија. Роден е во Вуковар, а израснал во блиското Борово, каде ги направил првите чекори како играч. Се пензионираше во 2006 година.
Тренерската кариера ја започна како помошник на Роберто Манчини во Интер. Потоа се пресели во Болоња, која му беше прва и последна тренерска позиција.