Почина Шинзо Абе

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шинзо Абе, поранешниот јапонски премиер, загина откако утринава беше застрелан за време на говор во замокот Нара, објави јавната телевизија NHK.

67-годишниот Абе беше застрелан претходно во петокот со огнено оружје во замокот Нари за време на изборната кампања за парламентарните избори.

Полицијата соопшти дека е уапсен 41-годишен маж, кој е осомничен дека го извршил нападот. NHK објави дека осомничениот, идентификуван како Тецуја Јамагами, и рекол на полицијата дека не е задоволен од поранешниот јапонски премиер и сакал да го убие.

Абе држеше предизборен говор пред железничката станица кога одекнаа два истрели околу 2:30 часот по Гринич. Службениците за безбедност се видени како соборуваат маж облечен во сива маица и беж панталони.

Јапонската новинска агенција Кјодо објави фотографија од Абе како лежи покрај заштитната шина, со белата кошула облеана во крв. Околу него се собрала толпа луѓе, но едно лице му го масирало срцето.

Медиумите објавија дека Абе е ранет во пределот на градниот кош и вратот. Политички мотивираното насилство е ретко во Јапонија, земја со строги закони за купување и поседување оружје.

Share This Article