Голема трагедија го погоди македонскиот ракомет откако утрово на само 47 години почина Андон Бошковски, еден од најпознатите ракометни тренери во земјава.
Како играч Бошковски го носеше дресот на Работнички, а беше и дел од кадетската репрезентација. Кариерата мораше да ја заврши премлад поради повреда на раката.
Токму во Работнички каде што ја заврши играчката, тој ја почна и тренерската кариера. Подоцна беше асистент тренер во Металург со кого стана македонски шампион и играше во ЛШ. Од Металург седна на клупата на Младост Богданци, за во 2011 година повторно да се врати во Автокоманда.
Како главен или помошен тренер работеше и во Младост, Вардар, Струга, Тинекс Пролет, Еурофарм Работник, но и во Романија и во Косово, каде што го имаше последниот ангажман.
Беше селектор на Грузија и дел од стручниот штаб на македонската репрезентација на неколку големи натпреварувања.