Почина Николај Рижков, поранешен премиер на СССР

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот премиер на СССР Николај Рижков почина на 95-годишна возраст, соопшти претседателката на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвиенко.

– Замина човек на епохата, човек со единствена судбина и државник со уникатни размери – изјави Матвиенко на Телеграм.

Рижков беше претседател на Советот на министри на Советскиот Сојуз од 27 септември 1985 година до 14 јануари 1991 година, пренесуваат руските медиуми.

Тој беше и комунистички кандидат на првите избори за претседател на Руската Федерација на 12 јуни 1991 година, на кои загуби од Борис Елцин.

Share This Article