More

    Почина Милан Кундера

    spot_img

    Милан Кундера, француски писател со чешко потекло кој е еден од најголемите романсиери на 20 век, почина на 95-годишна возраст.

    Долги години му се насмевнуваше Нобеловата награда, но никогаш не ја доби. Сепак, Кундерса доби широка читателска публика. Неговите книги се преведени на десетици јазици.

    Милан Кундера е роден е на 1 април во 1929 година во градот Брно, денешна Чешка, во семејството на музикологот Лудвик Кундера, ученик на познатиот композитор Леош Јаначек. Негови најпознати дела се романите „Неподносливата леснотија на постоењето“ и „Шега“.

    Студирал литература и естетика во Прага, но по два семестри се префрлил на Прашката филмска академија, каде што посетувал предавања за режија и сценарио. По дипломирањето во 1952 година, таму почнал да предава светска литература.

    Припаѓа на генерацијата млади Чеси кои биле под значително влијание на искуствата од Втората светска војна и германската окупација, па како млад во 1948 година се приклучува на владејачката Чехословачка комунистичка партија.

    Во 1950 година, тој и уште еден чешки писател, Јан Трефулка, биле исклучени од партијата поради „антипартиска активност“. И двајцата пишуваат за таа случка во својата литература – таа го инспирирала Кундера за главната тема на романот „Шега“ (1967). Тој бил повторно примен во Комунистичката партија во 1956 година, за да биде исклучен по втор пат во 1970 година.

    Кундера заедно со другите чешки уметници и писатели, беше вклучен во Прашката пролет во 1968 година, краток период на реформистички оптимизам кој беше задушен со советската инвазија на Чехословачка во август истата година. Јавно дебатираше за реформата на чешкиот комунизам, но на крајот ја напушти Чешка и се пресели во Франција во 1975 година.

    Комунистичката влада му го одзеде државјанството во 1979 година и ги забрани неговите книги. Ова се случи откако во Франција беше објавена неговата „Книга за смеа и заборавот“. Во таа книга Кундера го нарекува тогашниот претседател на Чехословачка, Густав Хусак „претседател на заборавот“. Оттогаш, тој никогаш повеќе не се вратил во својата татковина, дури и по падот на железната завеса.

    Кундера своето прво дело го објавил во 1953 година. Пишуваше и на чешки и на француски јазик. Своите последни романи ги напиша на француски. Заедно со Бохумил Храбал, тој беше најпопуларниот современ чешки писател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img