Канадската актерка Саманта Вајнштајн, најпозната по улогата во хорор филмот „Кери“ од 2013 година (римејк на филмот од 1976 година), почина на 28-годишна возраст.
Саманта, пренесуваат странските медиуми, две и пол години се бореше со ракот на јајчниците.
„По две и пол години лекување од рак и патување низ светот, изговарајќи гласови на мноштво животни од цртаните филмови, создавајќи музика и знаејќи повеќе за животот од повеќето луѓе некогаш, таа тргна во својата следна авантура“, објавено е на нејзините социјални мрежи.
Таа почна да глуми на само шестгодишна возраст, појавувајќи се во бројни филмови како „Големата девојка“, „Каменото доба“ и „Приказните во Торонто“. Во филмот Кери, таа ја играше улогата на Хедер, заедно со Клои Грејс Морец и Џулијан Мур.
Во јули 2022 година, актерката од „Браќа и сестри“ проговори за тоа дека ѝ бил дијагностициран рак на 25-годишна возраст, откако забележала дека е „чудно подуена“ во пределот на стомакот.
„Мојата цимерка ме уверуваше дека нејзините пријателки секогаш биле толку подуени и дека тоа е само овулација или нешто слично. Не беше така“, рекла Саманта.
По операцијата таа поминала четири дена во болница за да се опоравува, а кога се вратила дома страдала од интензивни хронични болки.
„Секој ден беше борба“, рекла таа. Нејзиниот сопруг Мајкл Кнутсон бил покрај неа.
„Неговата мајка осум години се бореше со ракот, а пред две години почина. Беше подготвен за ова. Ме научи дека љубовта е несебична и ме потсети дека треба да им дозволам на другите луѓе да се грижат за мене“, рекла актерката.
ФОТО: Инстаграм