Почина наградуваната јужноафриканска афро-поп пејачка Булелва Мкутукана, позната како Захара, објави министерката за култура на земјата. Таа имаше само 35 години.
Захара беше во болница поради компликации на црниот дроб, а владата веќе „извесно време“ му помага на нејзиното семејство“, изјави министерката за спорт, уметност и култура Зизи Кодва.
Пејачката се прослави во 2011 година со нејзиниот албум Loliwe, кој се здоби со популарност низ Африка.
Во 2019 година, Захара отворено зборуваше за нејзината борба со зависноста од алкохол.
Иако нејзиното семејство сè уште нема објавено официјално соопштение, фановите тагуваат и споделуваат убави спомени за пејачката на социјалните мрежи.
Захара и нејзината гитара оставија неверојатно и трајно влијание врз јужноафриканската музика“, објави министерот Кодва на X (поранешен Твитер).
Захара, која објави пет албуми, освои десетици домашни и меѓународни награди. Во 2020 година, таа беше вклучена во листата на 100 жени на Би-Би-Си.
Пејачката и текстописец ја искористи својата популарност за да проговори за насилството врз жените во Јужна Африка, нешто што откри дека и се случило.
Во интервју за локално радио минатата година, Захара рече дека нејзината музика не е за препознавање, туку за утешување на скршените души на кои им е потребно лекување.