Нова трагична вест пристигна од Светското првенство во кошарка. Додека српскиот кошаркар Бориша Симаниќ е во болница и успешно се опоравува од повредата заработена на мечот со Јужен Судан, поради која остана без бубрег, ФИБА објави тажна вест – физиотерапевтот на Доминиканската Република, Бладимир Регаладо, почина за време на Мундобаскетот.
– Целиот тим на ФИБА упатува искрено сочувство до тимот на Доминиканската Република и семејството на тимскиот физиотерапевт Бладимир Регаладо, кој трагично почина додека патуваше дома од Светското првенство. Почивај во мир – се вели во соопштението на ФИБА.
Регаладо беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата од Доминиканската Република која успеа да ги изненади сите и да стигне до втората фаза на Мундобаскетот со сите три победи, но подоцна беше елиминирана од турнирот и ги напушти Филипините.
На враќање во татковината, несреќниот Регаладо ненадејно починал.