Почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов на 72 години, објавија неговите блиски на социјалните мрежи.
Мустафов доживеа мозочен удар минатиот месец, а оттогаш во тешка критична состоба беше сместен во Градската болница „8 Септември“.
Ферус е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско музичко семејство. Својата кариера ја почнал од мали нозе, а познат беше по својата виртуозност на кларинет и саксофон, со кои кој зад себе остави богата кариера и бројни настапи. Се смета за легенда на македонската музичка сцена, човек кој свиреше со љубов и од душа, а неговите изведби и настапи долго ќе се паметат.
По негова желба Мустафов ќе биде погребан во Штип , каде со семејството ги помина последните години од својот живот .