More

    Почина Чарлс Симиќ, големиот американски поет од српско потекло

    spot_img

    Големиот американски поет од српско потекло Чарлс Симиќ, носител на највисоки признанија во САД и во светот, меѓу кои и на Пулицеровата награда, како и на Златниот венец на СВП, почина во 85-та година од животот.

    Чарлс Симиќ е роден како Душан Симиќ во 1938 година во Белград. Во 1953 година со семејството се сели во САД. Песни почнал да пишува во средно училиште. На неговите поетски почетоци особено влијаеле американските поети Волт Витмен, Емили Дикинсон, Волас Стивенс и др. Неговата прва стихозбирка „Што вели тревата“ (1967) одлично е примена од страна на критиката.

    Како преведувач е особено значаен за популаризација на поезијата на значајни поети од јужнословенските земји. На англиски превел поезија од Васко Попа, Иван В. Лалиќ, Љубомир Симовиќ, Милорад Павиќ, Бранко Миљковиќ, Новица Тадиќ, Радмила Лазиќ, како и три антологии на модерна српска поезија, Славко Михалиќ од Хрватска, Томаж Шаламун од Словенија. На англиски препеал и една збирка поезија од Славко Јаневски (2002).

    Од 1973 година бил професор на универзитетот во Њу Хемпшир, каде предавал американска книжевност и креативно пишување. Живееше во Стафорд, Њу Хемпшир.

    Во својата плодна кариера Симиќ има објавено повеќе од 30 збирки поезија и есеи, а добитник е на голем број признанија и награди, меѓу другите и Златниот Венец на Струшките вечери на поезијата.

    „Имав чест во 2012 година, пет години пред да стане струшки лауреат, да ја приредам и преведам на македонски и да ја објавам во ,,Везилка“ неговата стихозбирка Несоница. Подоцна, едно прекрасно пладне во Белград, Чарлс Симиќ ми потпиша посвета на македонското издание на ,,Несоница“. Поетите живеат во и со нивните песни. Замина Чарли во легендите а нам, стаписани, ни остави незаменлив незаборав – неговите песни“ – напиша по повод смртта на Симиќ макеоднскиот новинар, писател и поет Ристо Лазаров.

    Еве едно мало потсетување на неговиот поетски сензибилитет:

    ИМПЕРИИ

    Баба ми го прорече крајот
    На вашите империи, еј глупаци!
    Таа пеглаше. Радиото беше вклучено.
    Земјата се тресеше под нашите нозе.

    Еден од вашите херои држеше говор.
    ,,Чудовиште“, го нарече таа.
    Имаше почесен плотун аплаузи за чудовиштето.
    ,,Ќе го убијам со голи раце“,
    ми кажа мене.

    Немаше потреба од тоа. Сите тие
    И онака еден ден ќе одат по ѓаволите.
    ,,Немој никому да си му кажал за ова““,
    Ме предупреди таа.
    И ми го истегна увото да се убеди дека ја разбрав.

    (Чарлс Симиќ)

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img