More

    Почина боливискиот генерал кој го зароби Че Гевара во 1967 година.

    spot_img

    Почина боливискиот генерал Гари Прадо Салмон, кој стана „национален херој“ во својата земја поради заробувањето на аргентинскиот револуционер Ернесто „Че“ Гевара во 1967 година, соопшти неговиот син.Поранешниот полицаец (84) од средината на април имал здравствени проблеми и бил префрлен во болница на југот од државата, каде што починал.

    „Почина опкружен со сопругата и децата. Ни остава во наследство љубов, искреност и храброст. Тој беше исклучителна личност“, напиша неговиот син Гари Прадо Араус на Фејсбук.

    На 8 октомври 1967 година, генералот Прадо Салмон командуваше со патролата која го уапси Че Гевара, а потоа ранет, во селото Игера во југозападна Боливија.

    Револуционерот бил погубен следниот ден од боливиската армија.

    Истата година, боливискиот парламент го унапреди офицерот во ранг на национален херој, за одбрана на земјата од она што тогашната воена влада го нарече „странска субверзивна инвазија“.

    Генералот беше ранет во ‘рбетот во 1981 година и оттогаш е во инвалидска количка. Се пензионирал од војската во 1988 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img