More

    Почина бебето кое лекарите го спасиле од утробата на убиената мајка

    spot_img

    Бебето кое лекарите неодамна го спасија од утробата на мајката убиена во израелски воздушен напад врз градот РафаХ, денеска беше погребано во Газа откако ја загуби битката за живот.
    Девојчето се викало Сабрин Ру, а името го добило во чест на нејзината мајка Сабрин ал Сакани ал Шеик, која починала од повредите добиени во израелскиот напад, заедно со нејзиниот сопруг Шукри и тригодишната ќерка Малак.

    Мајката, која била во 30-та недела од бременоста, во саботата вечерта била донесена во болница со сериозни повреди и починала откако била породена со царски рез.

    Д-р Мохамед Салма, раководител на одделот за итни случаи за новороденчиња во болницата „Емирати“, кој се грижел за бебето, рече дека Сабрин Ру страдала од респираторни проблеми и слаб имунолошки систем и починала во четвртокот, пренесува Ројтерс.

    – Можеби ако не беше израелската војна против Газа и уништувањето на болниците, ќе можевме да им помогнеме на повеќе деца да преживеат. Но, болниците се оштетени и уништени и нашите опции се ограничени – изјави Салма за Ројтерс.

    Тој додаде дека бабата на Сабрина ги молела лекарите да ја спасат, за „да го зачуваат споменот на нејзината мајка, татко и сестра, но дека нејзината смрт е Божја волја“.

    – Останавме без сеќавања на мојот брат, неговата ќерка и неговата сопруга. Сè исчезна, дури и нивните слики, нивните мобилни телефони, не можевме да ги најдеме – изјави Рами ал Шеик Џуда, вујко на починатото бебе.

    Повеќе од 34.000 Палестинци се убиени во војната, од кои повеќето се жени и деца, според Министерството за здравство на Газа, а повеќето болници во енклавата се тешко оштетени, додека оние кои сè уште работат немаат струја, лекови, стерилизација и друга неопходна опрема.

    Израел негира дека намерно гаѓа цивили во својата кампања против милитантната група Хамас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img