Почина австрискиот актер Хелмут Бергер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Австрискиот актер Хелмут Бергер, ѕвезда во текот на шеесеттите и седумдесеттите години кој се прослави во филмовите на италијанскиот режисер Лукино Висконти, почина денеска на 78-годишна возраст, објави неговиот агент, а пренесе „Еј-би-си њуз“.

 

Бергер е роден во Бад Ишл, Австрија на 29 мај 1944 година. Работел како статист во Рим пред да биде откриен од Висконти, а подоцна станал негов партнер. Висконти му ја дал првата улога во 1966 година.

 

Бергер имаше истакнати улоги во филмовите на Висконти „Самрак на боговите“, „Лудвиг“, „Затворениот семеен круг“, како и во „Градината на Финци-Контини“ на Виторио де Сика, во „Доријан Греј“ на Масимо Даламан и подоцна во „Кум 3“ од Френсис Форд Копола.

Тој глумеше во бројни значајни продукции со филмски легенди како Роми Шнајдер, Елизабет Тејлор, Хенри Фонда и Бурт Ланкастер.

 

- Advertisement -
Ad image

Откако се разболе, Бергер објави крај на својата актерска кариера во ноември 2019 година.

ФОТО: Инстаграм/Јутјуб

Share This Article