Аструд Жилберто, чија интерпретација на „Девојката од Ипанема“ стана најпопуларна верзија на песната, почина на 83 години.
„Таа беше важен дел од сè она што е бразилска музика во светот и промени многу животи со својата енергија“, објави нејзиниот доработник Пол Ричи.
Жилберто е родена во 1940 во Бразил и израснала во Рио де Жанеиро.
Продуцентот на сесијата сакал пејачка на англиски јазик да помогне песната „Девојката од Ипанема“ да ја прими и публиката во САД, а Аструд иако немала претходно искуство со снимање, била единствената во тимот која зборувала англиски, иако никаде во снимката не е ни спомната.
„Девојката од Ипанема“ стана огромен хит во 1964, достигнувајќи Топ 5 во САД и Топ 30 во Велика Британија. Ја освои наградата Греми за песна на годината, а Аструд Жилберто беше номинирана и за најдобра вокална изведба од пејачка.
Иако „Девојката од Ипанема“ е нејзиниот единствен голем хит, Жилберто ја задржа славата со серија последователни соло албуми за џез издавачот „Верв“.
Во 2008 Жилберто доби Греми за животно дело.