More

    Почина актерот Дарен Кент, најпознат од серијата „Игра на тронови“

    spot_img

    Актерот Дарен Кент, најпознат од серијата „Игра на тронови“, почина на 37-годишна возраст.

    Кент е роден во Есекс, а покрај улогата во популарната серија, глумеше и во филмот „Снежана и ловецот“. За улогата во филмот „Санибој“ (Sunnyboy) ја освои наградата за најдобар актер на наградите Ван Д’ор, а работеше и како режисер.

    На почетокот на кариерата, на актерот му била дијагностицирана остеопороза, артритис и ретка болест на кожата. Во склоп на организацијата „Еднакви луѓе кои изведуваат уметност“ (Equal People Performing Art), тој се бореше за правата на актерите со инвалидитет.

    – Со длабока тага мораме да ви кажеме дека нашиот драг пријател и клиент Дарен Кент мирно почина во петокот. Покрај него беа неговите родители и најдобриот пријател. Нашите мисли се со неговото семејство во овој тежок момент – порачаа од неговата агенција „Кери Дод Асошиејтс“ на Твитер.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img