More

    Почеток на поголема криза? Полска направи потег што може да го разбесни Лукашенко

    spot_img

    Полска планира да испрати до 10.000 војници на границата со Белорусија за поддршка на граничната стража, објави во четвртокот министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

    „На границата ќе бидат околу 10.000 војници, од кои четири илјади директно ќе ги поддржат граничарите, а шест илјади ќе бидат во резерва“, изјави полскиот министер во интервју за јавното радио.

    „Ја придвижуваме армијата поблиску до границата со Белорусија за да го заплашиме агресорот за да не се осмели да не нападне“, изјави Блашчак.

    Заменик-министерот за внатрешни работи Мачеј Васик првично во средата изјави дека Полска планира да испрати две илјади војници на границата.

    Варшава е се позагрижена за ситуацијата на границата со поранешната советска држава откако минатиот месец таму пристигнаа стотици платеници од руската група Вагнер.

    Оваа недела Белорусија продолжува со воените вежби во близина на границата, а нејзиниот претседател Александар Лукашенко постојано повторува дека ги зауздува вагнерите кои сакаат да ја нападнат Полска.

    Зголемен е и бројот на претежно мигранти од Блискиот Исток и Африка кои пристигнуваат во Полска од Белорусија.

    Шефот на граничната стража, Томаш Прага, претходно оваа недела објави дека 19.000 луѓе се обиделе илегално да ја преминат границата оваа година, наспроти 16.000 минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img