More

    Побегнала во Турција на естетска операција на лицето, полицијата ја начекала

    spot_img

    Познатата британска ријалити ѕвезда и старлета Кејти Прајс е уапсена на аеродромот „Хитроу“ во Лондон бидејќи не се појавила на закажаното судско рочиште во врска со нејзиниот банкрот.

    Таа неодамна го прогласи својот втор банкрот поради неплатен данок од 761.994,05 фунти. Затоа таа неодамна требаше да се појави на судењето, но не се појави, поради што полицијата распиша налог за нејзино апсење. И покрај тоа, старлетата заминала на патување во Турција каде што направила естетска операција на лицето. Сепак, таа беше уапсена синоќа.

    Според полицијата, Прајс била приведена во една од полициските станици во западниот дел на Лондон, каде што ќе остане до денеска, 9 август, кога треба да се појави пред судот.

    Инцидентот уследи по тоа што Прајс не се појави на сослушувањето на 30 јули, поради што судијката Кетрин Бартон издаде налог за нејзино апсење.

    „Една жена беше уапсена на аеродромот Хитроу во четвртокот на 8 август во 19:45 часот поради тоа што не се појави на судската правда“.

    Старлетата претходно откри дека има план за банкрот и како да се извлече од се доколку тоа се случи.

    „Не се плашам од банкрот како порано затоа што гледам излез. Ако ми ги земат материјалните работи, знам дека можам да ги вратам. Ќе станам ескорт дама ако треба, не за да спијам со мажи, туку само за друштво, би била со нив, мислам дека би била добра во тоа“, рече таа во својата книга „Ова сум јас“, рече таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img