Најбрзиот човек на планетата беше крунисан и на Олимписките игри, но малкумина можеа да претпостават како тоа ќе се случи. Во фото финиш и трка каква што досега не е видена.
Ноа Лајлс, актуелниот светски шампион, додаде олимписко злато во својата колекција со тоа што беше за точно 0,005 секунди побрз од Кишан Томпсон (9,784 наспроти 9,790), а бронзата ѝ припадна на САД, благодарение на Фред Кирли.
Овој Американец би бил втор во Токио со време 9,81. Ова беше најнеизвесната и најдивата трка на 100 метри во историјата на Олимписките игри бидејќи сите натпреварувачи трчаа 100 метри под 10 секунди.
Последно пласираниот Јамајканец Севил ја истрча делницата со време 9,91. Според тоа, разликата помеѓу првото и последното место е само 0,12 секунди. Неверојатно.
На видео снимките и фотографиите се забележува дека главата на Томпсон прво поминува низ целта, но во атлетиката се гледа торзото. Погледнете ги позициите на телото на крајот.
Ова е прво злато за Американците на 100 метри по Џастин Гејтлин и Атина во 2004 година. Марсел Ламонт Џејкобс трчаше со повредено бедро и сепак успеа да заврши петти со време од 9,85. Најдобриот резултат сезонава не беше доволен ниту за медал. Лајлс беше на последното место по 30 метри и не се израмни со првото место до 90 метри. Сепак, тој водеше кога се броеше.
За прв пат резултат под 10 секунди не беше гаранција за пласман во самото финале. Бенџамин Ричардсон постигна 9,95, Јапонецот Абдул Хаким Сани Браун постигна 9,96, Британецот Луис Хинчлич постигна 9,97, а Канаѓанецот Андре де Грас постигна 9,98. Импресивно, нели?
Можеби не добивме нов светски рекордер, но без двоумење бевме сведоци на историјата.