Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4%, покажуваат првите излезни анкети.
Според податоците на агенцијата Алфа Рисрч, на второ место е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија со 14,9% од гласовите, а по неа е Препород со 12,9% гласови.
Во Парламентот влегува и ДПС – Нов почеток со 8,9%, потоа Алијансата за права и слободи со 8,7%, БСП-Обединета левица со 7,8% од гласовите и Има таков народ со 6,2% од гласовите, покажуваат излезните анкети.
Заклучно со 19:00 часот, излезноста на гласачите беше над 33%. Право на глас имаа 6.601.262 лица. На изборите учествуваат 19 партии, 9 коалиции и 1 независен кандидат, кои се борат за 240 пратенички места во бугарскиот Парламент.