More

    По виралната фотографија на Кејт Мидлтон и хаосот што го предизвика поради фотошопираните детали, холивудскиот актер Џони Деп предизвика реакции кај обожавателите исто така со фотошопирана фотографија

    spot_img

    По виралната фотографија на Кејт Мидлтон и хаосот што го предизвика поради фотошопираните детали, холивудскиот актер Џони Деп предизвика реакции кај обожавателите исто така со фотошопирана фотографија.

    Деп сакаше да му честита на својот пријател Роберт Дауни помладиот за добиениот Оскар на овогодишното доделување на престижните награди, па на Инстаграм сподели фотографија на која позираат заедно. Меѓутоа, обожавателите брзо забележаа дека станува збор за лажна, фотошопирана фотографија која со години кружи на интернетот.

     

    Имено, на оригиналната фотографија од 1988 година, Роберт Дауни помладиот позирал со неговата тогашна девојка Сара Џесика Паркер.

    Откако обожавателите му искоментирале дека забележале дека се работи за фотошопирана фотографија, Деп брзо ја избришал објавата.

    ФОТО: Икс/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img