More

    По убиството на хуманитарците, Израел ја губи поддршката и е се поизолиран

    spot_img

    Шест месеци по почетокот на војната во Газа, убиството на група хуманитарни работници во израелски воздушен напад ја истакна тешката хуманитарна криза и недостатокот на јасна стратегија за излез од конфликтот, што го остава Израел сè поизолиран, пишува Ројтерс.

    Нападот во понеделникот вечерта во кој загинаа седум работници на Светската централна кујна (WCK), вклучително и шест странци, ги налути дури и некои од најблиските сојузници на Израел. Затоа расте притисокот за прекин на борбите во Газа.

    Израелската војска призна дека нејзините сили го извршиле нападот по грешка и се извини за „ненамерната“ смрт на седум лица, меѓу кои и државјани на Велика Британија, Австралија и Полска, двоен американско-канадски државјанин и еден Палестинец.

    Но, јавното мислење дури и во традиционално пријателските земји како Велика Британија, Германија и Австралија се свртува против кампањата на Израел во Газа, која беше започната по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а беа киднапирани 250.

    Американскиот претседател Џо Бајден, кој е под зголемен притисок од сопствените поддржувачи да влијае на Израел да ги прекине борбите, рече дека е огорчен од нападот врз конвојот.

    По разговорите со Нетанјаху во четвртокот, Белата куќа побара „конкретни и мерливи чекори за намалување на цивилната штета“ и рече дека идната американска поддршка ќе зависи од акциите на Израел.

    Во петокот, Нетанјаху нареди повторно отворање на преминот Ерез во северниот дел на Газа и привремено користење на пристаништето Ашдод во јужен Израел, како и зголемен пристап до јорданската помош што пристигнува преку преминот Кермен Шалом во јужна Газа.

    Газа е во урнатини и повеќето од нејзините 2,3 милиони жители се протерани од своите домови и сега се зависни од помош за опстанок. И пред нападот на конвојот, Израел беше дипломатски изолиран, додека Генералното собрание на ОН постојано повикуваше на воспоставување хуманитарни прекини на огнот.

    Премиерот Бенјамин Нетанјаху досега се спротивставуваше на притисокот за промена на политиката, инсистирајќи дека Хамас останува егзистенцијална закана за Израел која мора да биде уништена пред да се воспостави траен мир.

    „Победата е на дофат. Тоа е многу блиску и нема замена за победата“, рече тој пред делегацијата на републиканските членови на Конгресот во Ерусалим, апелирајќи за поголема буџетска поддршка за Израел неколку часа пред да разговара со Бајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img