Холивудските ветерани Арнолд Шварценегер и Дени Девито пред речиси четири децении го снимија хит филмот „Близнаци“, а со новата фотографија, барем според реакцијата на обожавателите, ги „загреаја“ приказните дека ќе снимат продолжение на оваа урнебесна комедија.
„Мојот брат! Беше фантастично да се види Дени на Бродвеј во претставата „Мене ми треба тоа“. Тој и Луси и сите вклучени ја забавуваа публиката, се смееја и ја сакаа секоја минута – една од најдобрите емисии што некогаш сум ги гледал, шоу со срце!! Едвај чекам повторно да соработуваме“, напиша Шварценегер.
Самиот Дени Девито неодамна изјави дека нема ништо против повторно да работи со Шварценегер.
„Пропуштивме да го направиме „Близнаци 2“ затоа што тој стана гувернер. Требаше да го направи „Близнаци 2“ наместо да стане гувернер“, рече Девито.
Дали „Близнаци 2“ ќе се снима, останува да видиме.