По разочарувањето на Мундобаскетот, САД подготвуваат дрим-тим за Олимпијадата во Париз

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кошаркарите на САД го зазедоа разочарувачкото четврто место на Светското првенство откако во натпреварот за 3.место беа поразени од Канада. Американците на Мундобаскетот настапија без најголемите ѕвезди на НБА лигата, најсилното кошаркарско натпреварување во светот и вторпат по ред останаа без медал.

Но, веќе на следното големо натпреварување, на Олимписките игри во Париз 2024, САД најверојатно ќе настапат во комплетно поинаков состав. Американските медиуми тврдат дека Леброн Џејмс (38) сака да ги предводи САД во Париз и веќе почнал да ги собира најголемите имиња. Џејмс разговарал со Стеф Кари, Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин, кои се подготвени да ја претставуваат својата земја на ОИ.

Заедно со нив би можеле да се појават и Девин Букер, Демијан Лилард, Де’Арон Фокс и Кајри Ирвинг, а се шпекулира и со имиња како Бам Адебајо и Дезмонд Бејн. Така САД во Париз би имале ѕвездена, многу посилна репрезентација отколку на Светското првенство, каде Германија го освои првото место пред Србија и Канада.

The Athletic истакнуваат дека Џејмс почнал да го договара тимот пред САД да останат без медал на СП и дека не бил повод само слабиот пласман. Џејмс има две олимписки злата, но не настапувал на Олимпијада уште од Лондон 2012 година.

Тој и Дурант го гледаат Париз како последно натпреварување со репрезентацијата, со оглед на тоа дека едниот има 38, а другиот 34. Кари, меѓу другите, никогаш не настапувал на Олимписките игри и би можел да ја има својата премиера на 36-годишна возраст.

Сѐ уште не е јасно кој ќе го сочинува американскиот тим во Париз, но експертите се убедени дека ќе има повеќе Ол-стар играчи во однос на овогодинешното Светско првенство, каде САД ги предводеа Ентони Едвардс и Микал Бриџис.

Олимпијадата во Париз започнува на 26 јули 2024 година. Доколку се реализира најавата на Леброн Џејмс, тимот на САД веднаш по завршувањето на сезоната во НБА, ќе почне со подготовки и ќе има претсезонска турнеја низ неколку европски земји пред да пристигне во француската престолнина.

Share This Article